НАШИОТ ИЗВОР БИСЕРЕН
Минувачу, ако минуваш низ
оваа земја плодна,
изворот на бисери сјајни,
на творбите красни
и неверојатните басни,
посети ги нејзините полиња ширни,
нејзините котлини,
види ги браздите,
браздите на лицата испотени
и душите изморени.
Види го воздухот пелагониски,
земи бран од Охрид,
со кајче низ Матка плови
и со домаќинката на разбој
доткај ја кошулата на Ленка,
гледај ги очите пелистерски
и шетај по брегот вардарски.
Андреј Стојановски,VII4
ОУ „Кочо Рацин“,Куманово